“Трансфермаркт“: Шкендија и натаму го има највредниот тим, Малески и Меличи се најскапи домашни играчи

187

Откако и дефинитивно заврши летниот преоден рок, “СпортСпорт“ по традиција ги објавува податоците кои “Трансфермаркт“ ги лиферува за она што нас не интересира. А тоа се моменталната вредност на ПМФЛ, потоа поединечната вредност на клубовите како и за тоа кои играчи се најскапи во нашата елитна лига.

На врвот ништо ново. Шкендија и натаму го има највредниот тим, ова веќе трае речиси една деценија, Вардар е на второто место. Сепак треба да се каже вистината. И Шкендија и Вардар се далеку од она што беа пред една деценија кога нивната вредност беше од 8 до 10 милиони. Сега Шкендија вреди 6.030.000 евра а Вардар еден милион помалку. Трет е Силекс со 3.910.000 а четврта е Струга ТЛ со 3.750.000.

Подолу можете да ја видите вредноста на сите клубови, додека вкупната вредност на ПМФЛ е само 32.560.000 евра.

ТАБЕЛА – КЛУБОВИ

1.Шкендија 6.030.000 евра

2.Вардар 5.090.000

3.Силекс 3.910.000

4.Струга ТЛ 3.750.000

5.Тивеш 3.400.000

6.Арсими 2.810.000

7.Шкендија (А) 2.590.000

8.Брегалница 2.580.000

9.Башкими 1.280.000

10.Скопје 1.140.000

ВКУПНО: 32.560.000

КРИЕЗИУ Е НАЈСКАП ИГРАЧ ВО ПМФЛ, МАЛЕСКИ И МЕЛИЧИ СЕ НАЈСКАПИ ДОМАШНИ ИГРАЧИ

Кога сме кај играчите јасно е дека тука доминира Шкендија. Меѓу првите пет најскапи играчи дури четворица се од овој клуб. Најскап е Алмир Криезиу со 650.000 евра, втор е Фабрис Тамба со 600.000. Само до пред некое време во нашата елитна лига имаше и играчи кои вредат и повеќе од милион евра. Новите репрезентативци Христијан Малески (Струга ТЛ) и Анес Меличи (Шкендија) со по 500.000 е најскапите домашни играчи.

May be an image of soccer, football and text that says 'TRIM & &LUM CENPAR CE PINDD'

Интересно, во ТОП 20 со најголема вредност, дури 10 се од Шкендија, пет од Вардар, три од Струга ТЛ и по еден од Тиквеш и Силекс.

ТАБЕЛА – ИГРАЧИ

-650.000 евра

Алмир Криезиу (Шкендија)

-600.000 евра

Фабрис Тамба (Шкендија)

-500.000 евра

Христијан Малески (Струга ТЛ)

Анес Меличи (Шкендија)

Александер Трумчи (Шкендија)

-450.000 евра

Азер Омерагиќ (Вардар)

Мислав Матиќ (Вардар)

-400.000 евра

Папе Фал (Струга ТЛ)

Бојан Димоски (Шкендија)

Нфанли Сила (Тиквеш)

Горгије Јанкулов (Вардар)

Арбин Зејнулаи (Шкендија)

Жоакин Торес (Вардар)

-350.000 евра

Меметриза Хамза (Струга ТЛ)

Јован Манев (Шкендија)

Дрилон Ислами (Шкендија)

Фахд Ндзенгуе (Шкендија)

Дарко Анѓелески (Силекс)

Бабукар Гаје (Шкендија)

Мигуел Пиреш (Вардар)

ПретходноАнглија и Тухел на маки… откажаа петмина репрезентативци за Лигата на Нации
СледноШампионот официјално „ги запали моторите” и комплетен ќе работи под полна пареа!