Најдобрата македонска тенисерка Лина Ѓорческа со победа ги почна настапите на ИТФ Фјучерс турнирот во Сплит кој се игра за награден фонд од 60.000 долари.
Во првото коло денеска, Ѓорческа славеше против Настасија Шунк од Германија во два сета со 6:2, 6:3.
Во рамките на второто коло, нашата тенисерка за противник ќе ја има петтата носителка, Словенката Вероника Ерјавец.