Димитријевиќ му пресуди: ЦСКА со отказ за Емил Рајковиќ!

180

Еден од нашите најдобри стратези, Емил Рајковиќ не е веќе тренер на ЦСКА Москва. Раководството на „армејците“ се одлучи да му врачи отказ на Македонецот кој беше во клубот и тоа успешно го водеше кога му беше најтечко на рускиот гигант. Инаку отказот доаѓа по поразот во дербито на ВТБ кога тимот на Рајковиќ загуби од Уникс Казан предводен од Ненад Димитријевиќ кој на тој меч постигна 40 поени и буквално само го победи составот на ЦСКА.

Раководството на ЦСКА и официјално, на својот сајт и социјални мрежи му се заблагодари на Рајковиќ за досегашната соработка.

Инаку македонскиот стратег го презема ЦСКА Москва летото во 2022 година.

На местото на Рајковиќ, ЦСКА Москва го назначи грчкиот стратег Андреас Пистиолис.

ПретходноАртета со неверување го слушаше новинарското прашање: Следуваше брутален одговор (ВИДЕО)
СледноРоналдо „бега“ од Саудиска Арабија