Артета со неверување го слушаше новинарското прашање: Следуваше брутален одговор (ВИДЕО)

2167

Астон Вила ги изненади „топчиите“ на „Емирати“ и оствари победа од 2:0 во 33. коло од англиската Премиер лига, а овие два резултати најмногу ги израдуваа навивачите на Манчестер Сити.

Тимот од синиот дел на Манчестер сега е на првото место на табелата во Премиершип со два бода повеќе од Ливерпул, но и од Арсенал.

За време на прес-конференцијата, еден од новинарите му постави на Микел Артета прашање кое навистина го изненади Шпанецот, а тој со неверување го погледна новинарот и се обиде да разбере зошто го прашува.

„Зошто денеска во стартниот состав го ставивте Тросард наместо Мартинели? Зарем Мартинели не е подготвен за цели 90 минути“, го праша новинарот Артета.

Шпанецот го погледна бледо, дури побара да го повтори прашањето, а на крајот брутално одговори.

„Затоа што јас сум тренер и јас одлучувам кој ќе игра“, Шпанецот јасно му стави до знаење на новинарот дека не е расположен за никакви „смешни“ одговори.

 

ПретходноСУПЕР МИЛИОНЕР вреден скоро 21 милион денари освои играч на ВЛТ  
СледноДимитријевиќ му пресуди: ЦСКА со отказ за Емил Рајковиќ!