Никола Портнер обвинет за користење допинг средства

146

Германското обвинителство покрена постапка против голманот на швајцарската репрезентација Никола Портнер, кој неодамна од германската антидопинг агенција беше објавено дека бил позитивен на метамфетамин.

Еден од најдобрите голмани на денешницата, освојувачот на Лигата на шампионите со Монпеље и Магдебург, е суспендиран од тренинзи и натпревари до расчистување на случајот.

Обвинителството соопшти дека при претресот во домот на Портнер не биле пронајдени недозволени супстанци, додека просториите на клубот не биле претресени.

ПретходноКЛ: Фиорентинa и Астон Вила се први полуфиналисти
СледноБаерн (М) му порача на Пеп: Мусиала не е на продажба!