Раководството на Вардар се пофали: За една година ни денар долг, а сите плати се исплатени навреме!

515

Раководството на ФК Вардар, кое пред една година го презеде раководењето со клубот, денеска со соопштение потврди дека клубот полека ги анулира старите долгови, а екипата навреме ги добива своите финансиски средства, без да се направат нови долгови и побарувања.

„Во името на В.Д. Раководството на клубот, би сакале на целокупната Вардарова јавност, да и ја честитаме големата победа која сите заедно ја извојувавме. Поминаа речиси година дена откако народот го превзема клубот, а за сето тоа време долгот не се зголеми ниту за еден денар. Ниту за еден денар!

Од друга страна успеавме, не само да го намалиме долгот, туку и заедно со сите Вас, да ги издржиме сите финансиски предизвици и да ги обезбедиме сите неопходни средства и услови, за нормално функционирање на клубот. Па така, со чиста совест можеме да ја соопштиме веста дека денес е исплатена вкупно десеттата исплата сезонава кон тимот. Покрај тоа, да напоменеме дека и сите останати услови и средства, во целост беа обезбедени.

Во ова лежи и причината поради која на последните неколку натпревари, одлучивме и покрај поседувањето на членската карта, секој присутен да си обезбеди и билет. Затоа што, кога ние велиме дека средствата одат за клубот – тоа навистина е така. Исто така, важно е да се знае дека не дозволивме ниту еден месец да доцни исплатата на средства. Нашата приказна е искрена, нашиот принцип е искрен и затоа ништо нема да не поколеба во борбата за клубот! Им благодариме на сите оние кои помагале, помагаат и ќе помагаат. Ние не забораваме, Вардар не заборава! Воедно, ве покануваме во недела, да присуствувате на натпреварот против Воска. Ова е можеби најважниот натпревар сезонава, затоа мора сите да придонесеме за победа!“, се вели во клупското соопштение.

Претходно11 години ја водеше академијата на Манчестер С., а сега е нов директор на Манчестер Ј.
СледноБасконија е последен патник во плеј-офот во Евролигата