Фараните ги отворија „картите“ за пресметката со Македонија

310

Македонската машка ракометна репрезентација ја чека нов предизвик во битката за продолжување на позитивниот тренд, редовно учество на големите првенства. Овој пат Кирил Лазаров и неговите момци ќе се борат за место на Светското првенство 2025 година, а таму ги чека бараж мечот со Фарски Острови. Првиот е закажан за 8. мај на гостински терен, додека реваншот е за четири дена во Скопје.

Селекторот на Фарски Острови, Петар Ларсен објави список со 16 имиња и две резерви.

Во составот се најдоа трите најголеми ѕвезди: Елијас Елефсен а Скипаготу од Кил, Оли Митун од Савехоф и Хакун Вест ав Теигум од Фуксе Берлин.

ПретходноОИ Париз: Германците одвоија 2,1 милион евра за освојувачите на медали
СледноЖижовиќ доби(ва) отказ, кандидати за тренер на Шкупи се Илчо Ѓорѓиоски, Славче Војнески…