Ѓоковиќ се откажа од Мастерсот во Мадрид

265

Српскиот тенисер Новак Ѓоковиќ нема да игра на Мастерсот во Мадрид, па место него во главната ждрепка влезе Лука ван Еш. Најдобриот играч на светот втора година по ред ќе го пропушти турнирот во престолнината на Шпанија, а последен пат настапуваше во 2022 година кога испадна во полуфиналето од Карлос Алкарас.
Oтсуството на Ѓоковиќ значи дека Јаник Синер ќе биде прв носител на турнирот.
Новак веројатно ќе се спрема за Мастерсот во Рим кој ќе се игра од 8 до 19 мај и дека тоа ќе му биде последна проверка пред Ролан Гарос. Српскиот тенисер најави дека целта е да биде во најдобра форма токму во Франција и дека сака да се покаже на вториот Гренд слем турнир сезонава.

ПретходноРангник не сака да работи во Баерн
СледноТепачка на навивачи пред Вечното дерби – полицијата ги уапси хулиганите (видео)