Десетгодишен фудбалер од Тетово доби покана да биде дел од кампот на Барселона

16378

Барселона е сонот на голем број деца кој ширум светот тренираат фудбал. Каталонскиот гигант е вистинска машинерија за идните фудбалски ѕвезди, има голем број на стручњаци кои работат со младите категории, но и бројни скаути кои бараат талентирани фудбалери. Дел кои ќе влезат во радарот токму на нив, можат да добијат шанса да бидат дел од кампот на Барселона.

Еден од нив е десетгодишниот Доар Ибраими, кој е дел од Академијата на Дарданет од Тетово. Ова момче доби покана да биде дел од кампот на каталонскиот гигант.

Од мали нозе сонува да прерасне во вистински професионалец. Покрај тоа што тренира со своите врсници, тој посетува кампови на познати клубови ширум Европа. Лани имаше шанса да тренира во кампот на Вил од Швајцарија, а сега со нетрпение се подготува да биде дел од каталонската магија за младите фудбалери

ПретходноОФИЦИЈАЛНО: Aстон Вила и Емери ја продолжија соработката
СледноОФИЦИЈАЛНО: Ѓока на кормилото на Шкупи