Васко Атанасов пред дуелот со Спартак: Ова се мечеви на кои треба да се остави и последната капка пот!

97

Утре во “Јане Сандански“ во 19 часот, тимот на МЗТ Скопје ќе го одигра првиот полуфинален меч од плеј – офот во АБА 2 и тоа против Спартак Суботица.

Секако дека “металците“ против себе имаат силен ривал, но сепак не не непобедлив.

Во пресрет на утрешниот меч, тренерот на МЗТ Скопје, Васко Атанасов истакнува:

Ова е еден од натпреварите за кои напорно работиме цела сезона, кои се идеален мегдан да покажеме од што сме создадени и на кои мора да ја оставиме буквално последната капка пот. Спартак Суботица е исклучително квалитетен противник, тим со сериозен буџет и амбиции, поради што мора да бидеме на највисокото можно ниво ако сакаме да дојдеме до посакуваниот триумф. Верувам дека ќе имаме огромна поддршка од трибините, бидејќи со помош на навивачите секогаш играме подобро. Секој човек ќе ни биде клучен, затоа ги повикувам сите со плаво-бела крв во вените да дојдат и да ни помогнат заедно да го совладаме силниот ривал“, изјави Атанасов.

ПретходноУли Хенес открива каков господин е Чаби Алонсо!
СледноМакедонија подобра од OАЕ на стартот на турнирот во Италија