Алборг го елиминираше Веспрем и обезбеди место на Ф4

221

Ракометарите на Алборг се првите учесници на годинешниот Ф4 турнир во Лигата на шампионите. Во првиот реванш меч од четвртфиналето, Алборг успеа на домашен терен да го совлада Веспрем со пет гола разлика (33:28) и со тоа да ја надомести негативата од само еден гол од првиот меч во Унгарија.

Веспрем се обидуваше континуирано да се држи блиску до резултатски егал, па на само три минути пред крајот разликата беше два гола. Сепак, до завршницата домашните го засилија темпото и на крајот дојдоа до убедлив триумф.

Извонредно издание вечерва имаше Мадс Хоксер кој средбата ја заврши со 9 постигнати гола. Арнолдсен постигна 6 гола. Кај екипата на Веспрем, крилото Ваилупау постигна 6 гола.

ПретходноЕ. Пелистер во шампионски ритам, Бутел убедлив против Струга
СледноПовредата на Едерсон не е сериозна, се враќа за последните мечеви сезонава