Интересни резултати имаме по првиот ден во рамките на бараж мечевите за пласман на СП 2025 година. Дел од репрезентациите ја оправдаа улогата на фаворити, дел не. Една од нив е Холандија, изненадувачки на гостувањето кај Грција беше совладана со 31-27. Ракометарите на нашиот јужен сосед одиграа добро во второто полувреме во кое имаше позитива од три до четири гола предност.
Романија и Чешка одиграа тесен меч, со тоа што домаќинот пропушти шанса да победи со поголема позитива, ако се земе во предвид дека водеше со плус седум во вториот дел (23-26). На крајот Григорас погоди за конечни 31-30.
Шпанија ја победи Србија со 32-28, додека пак најголема победа оствари Исланд славеше против Естонија со 50-35.