Германија како домаќин на претстојното европско првенство има амбиции да го освои трофејот. Селекторот Јулијан Нагелсман можеби ќе мора да биде без еден од најдобрите напаѓачи поради повреда на левата нога.
Серж Гнабри се повреди на натпреварот од полуфиналето на ЛШ помеѓу Баерн и Реал и предвреме го напушти теренот. Баерн објави дека играчот ќе отсуствува до крајот на сезоната, а под прашалник е и неговото учество на подготовките на Германија и настапот на ЕП.