Крвава најава на боксерскиот спектакл: Таткото на Фјури се степа со тренерот на Усик (ВИДЕО)

614

Мечот меѓу Тајсон Фјури и Aлекандер Усик имаше „крвава увертира“, кога таткото на британскиот боксер нападна член на тимот на украинскиот борец!

Во текот на денот, Џон Фјури со глава го удрил Станислав Степчук, еден од тренерите на Усик, а во таа прилика се повредил и завршил со раскрвавено чело. Инцидентот се случил во хотел во Саудиска Арабија, каде Тајсон и Александар во сабота навечер ќе се борат за обединување на титулите во тешка категорија.

Џон влегол во жестока расправија со Степчук, па се свртел кон него и го удрил. Членовите на двата тима потоа продолжиле со тепачката.

ПретходноЕвролигата ја објави најдобрата петорка за оваа сезона
СледноГвардиола пред мечот со Тотенхем: Ако не победиме, Арсенал ќе биде шампион