Горчината од финалето во Купот на Македонија останува кај Пелистер. По Вардар 1961 и битолчани паднаа пред младиот состав на Алкалоид, не успеаја да го искористат своето искуство не само во регуларниот дел, туку и во пенал серијата.
Тагата е голема, особено кај капитенот Филип Кузмановски.
„Навистина ми е криво затоа што одигравме еден слаб меч, не бевме тој Пелистер од оваа сезона. Честитки за Алкалоид за коректната игра. Криво ми е за Битола, за навивачите, за нас како играчи. Горд сум на момците, дадоа се од себе, можеби денес немавме среќа, но ветувам дека во последните две кола ќе го видите вистинскиот Пелистер. Им ветувам навивачи, до сите граѓани на Битола. Мора да бидеме големи, со мирни глави. Во мечот за титула сите ќе го видат вистинскиот Пелистер“, изјави Кузмановски, кој додаде дека отвориле во грч, жали што не го искористија своето искуство на теренот.