Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез изјави дека сака да брани за аргентинската фудбалска репрезентација на претстојните Олимписки игри во Париз и додаде дека затоа е подготвен да влезе во конфликт и со англискиот клуб.
Мартинез (31) е член на Астон Вила од 2020 година, а со Аргентина ги освои Копа Америка во 2021 година и Светското првенство во 2022 година.
„Секогаш на прво место ја ставам репрезентацијата на Аргентина, а ако треба да се борам со мојот клуб, ќе го сторам тоа. Сега најважен ми настапот на Копа Америка, па ОИ. Мојот сон е да освојам златен медал на Олимпијадата“, додаде Мартинез.
Аргентинските медиуми наведуваат дека ОИ не е под јурисдикција на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и затоа клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи да учествуваат во ова натпреварување.










