Милев: Ќе играме во ЛШ, но овој пат само со домашни одбојкари

242
фото: CEV.eu

По освојувањето на шампионската титула и оваа сезона, одбојкарскиот клуб Струмица веќе го прави планот за следната сезона. Еден од најискусните во тимот, а воедно и претседател на клубот, Владо Милев, вели дека Струмица останува на истите патеки и во иднина, со тоа што следната сезона најверојатно нема ќе ја почнат без странски засилувања.

Странските одбојкари со кои Струмица ја заврши оваа сезона веќе ги завршија договорите и го напуштија тимот. Тоа беа Американецот Хенкс, Тунижаните Омхени и Бен Талеб, како и Канаѓанецот Уфоха.

„Точно е, странците веќе ги завршија обврските и заминаа. Правиме план за следната сезона во која сакаме повторно да играме во Лигата на шампионите. Наскоро треба да ги знаеме деталите и да се пријавиме во најсилното европско клупско натпреварување. Планот на клупската управа е следнава сезона да играме комплетно со домашни одбојкари. Тоа значи дека засега останува ростерот од оваа сезона, со евентуалнонеколку репрезенттаивни засилувања, од оние кои можеби ќе останат без интернационален ангажман“, вели Милев.

Репрезентативниот примач кој веќе е во залезот на кариерата, вели дека и следната сезона ќе биде активен на теренот.

„Секако, продолжувам да играм за Струмица и за репрезентацијата. Засега нема откажување“, потврди Милев.

Екипата на Струмица како шампион на Македонија во последните две сезони беше единствен тим во машка конкуренција кој настапуваше во европските купови.

ПретходноФантастично: НБА ги продава медиските права за 76 милијарди долари!
СледноМазула пред стартот на финалето: Влогот е голем, а тоа значи дека деталите се најважни