Мартинез: Сакам да играм на Олимпијадата, ако треба ќе инсистирам кај Астон Вила

121

Голманот на Астон Вила, Емилијано Мартинез изјави дека сака да брани за аргентинската фудбалска репрезентација на претстојните Олимписки игри во Париз и додаде дека затоа е подготвен да влезе во конфликт и со англискиот клуб.

Мартинез (31) е член на Астон Вила од 2020 година, а со Аргентина ги освои Копа Америка во 2021 година и Светското првенство во 2022 година.

„Секогаш на прво место ја ставам репрезентацијата на Аргентина, а ако треба да се борам со мојот клуб, ќе го сторам тоа. Сега најважен ми настапот на Копа Америка, па ОИ. Мојот сон е да освојам златен медал на Олимпијадата“, додаде Мартинез.

Аргентинските медиуми наведуваат дека ОИ не е под јурисдикција на Меѓународната фудбалска федерација (ФИФА) и затоа клубовите не се обврзани да ги пуштат своите играчи да учествуваат во ова натпреварување.

ПретходноПознати термините за евро-квалификациите: Грците ги чекаме во „Јане Сандански“
СледноФИА откри како ќе изгледаат Ф1 болидите во 2026 година (ФОТО)