Шампионот Струга Трим Лум соопшти дека се раздели со дуото Меџит Незири – Едис Малиќи. И двајцата беа дел од најголемите успеси на тимот.
Незири дојде во тимот на Струга Трим Лум во јануари 2023 година од Шкендија, додека Малиќи беше дел од стружани две години. И двајцата беа дел од двете шампионски титули.
На двајцата по завршувањето на сезоната ги завршија обврските според договорот, па сега заминуваат од Струга како слободни играчи.















