Директорите на Брера во посета на Мозамбик

2658

Генералниот директор на нашиот клуб Ване Стојанов заедно со првиот помошник на шефот на стручниот штаб Душан Дошљак се во посета на ФК „Брера Тучамен“ од Мозабик кој исто така е во сопственост на Брера Холдинг.  Целта на посетата е воспоставување и зацврстување на соработката  меѓу двата клуба на едно високо ниво, како и разгледување на можноста за трансфер на играчи и промоција на млади таленти.

Според програмата тие ќе присустуваат на два натпревари на мозабискиот ФК „Брера Тучамен“ но и на неколку нивни тренинзи. Стојанов ќе има повеќе средби и состаноци со преставници на братскиот клуб на која ќе се разгледуваат правците на соработка во иднина.

,, Целта на нашата посета е можноста да се направи еден вид на соработка помеѓу клубовите со цел да ги оправдеме нашите заеднички цели и задачи во фудбалската заедница на Брера Холдинг. Имаме намера заедно да работиме во иднина . Да  ги промовираме нашите врски преку помагање,  развој и промовирање на млади таленти, можни трансфери во иднина  но и градење на цврсти односи  помеѓу двата клуба на секое поле,,  вели генералниот директор Ване Стојанов

ФК Брера од минатата година е дел од семејството на Брера Холдинг и за една сезона ги поставивме темелите на еден сериозен клуб со добра организираност,  кој наредните сезони ќе се стреми на високи дострели.

ПретходноЅвездата на Кристал Палас го одбра Баерн
СледноМарковски со трофеј од фјучерсот во Србија