Професионалниот норвешки велосипедист Андре Дреге загина за време на 4. етапа од трката низ Австрија. Возачот на Коп Репсол загинал откако паднал за врвеме на планинската етапа од Ст.Јохан Алпендорф до Калс во должина од 151,7 километри. Тој им подлегнал на повредите при падот.
Поради трагичниот настан церемонијата на доделување на наградите е откажана.
Финалето на трката низ Австрија треба да се вози утре, а засега не е познато дали ќе се одржи.