Некогашниот кошаркар на МЗТ Скопје А., Андрија Бојиќ повторно се врати во македонското првенство. Тој денеска се договори со екипата на Пелистер и ќе го носи дресот на битолските „зелено-бели“ во текот на наредната сезона.
Бојиќ минатата сезона беше член на Спартак Суботица и имаше настапи против македонските тимови кои настапуваа во АБА 2 лигата. Сезоната во АБА 2 лигата ја заврши со просек од 15 поени по натпревар, што значи дека ќе биде добро засилување за битолчани во пресрет на новата сезона.