Гледајте ја Струга ТЛ за 300 денари!

283

Во среда на стадионот “Билјанини Извори“ во Охрид, ќе се одигра првиот меч од 2.квалификациско коло во Лигата на Конференции меѓу Струга ТЛ и Пјуник (Ерменија). Натпреварот почнува во 17 часот а од утре раководството на нашиот шампион ќе ги пушти во продажба билетите за овој натпревар.

Цената на билетите е по 300 денари а истите можат да се набават онлајн преку Мктикетс и во „Емпире бар“ во центарот на градот, секако и пред натпреварот на билетарите на стадионот во Охрид.

ПретходноПријателски: Гостивар го победи Пелистер среде Битола, пораз на Брера!
СледноКочоски и Јашароски за победа на Силекс над Трајал!