Перез де Варгас правеше чуда, Шпанија по пресврт ја урна Словенија

251
Фото: International Handball Federation

Шпанија ја совлада Словенија со 25-22 (8-11) во првиот меч од групата А на ОИ во Париз. Во центарот на вниманието беше Перез де Варгас, кој имаше 15 одбрани. Гомез запиша седум гола, Даниел Душебаев имаше пет гола. На другата страна Бомбач запиша пет погодоци.

На стартот на турнирот во ракомет видовме доста интересен натпревар, иако и двете репрезентации играа во најраниот термин.

Словенија беше одлична во првото полувреме, на Шпанија и дозволи да води само на стартот со 3-2, а потоа целосно ја превзема контролата. На одморот Словенците водеа со 8-11, а потоа и со 11-14, по што влегоа во серија на грешки. Сето ова максимално го искористи „фуријата“, предводена од Перез де Варгас со серија од 8-2 поведе со 19-16 на средината на второто полувреме.

Шпанците не искористија неколку напади за плус четири, а потоа на голот застана Лесјак и Словенците дојдоа на 20-19 во 53-та минута за нова драма, не искористија напад за израмнување. Шпанија зголеми на 21-19, но неизвесноста продолжи. Де Варгас ја запиша својата 14-та одбрана, Гомез реализираше од седум метри за 23-20. На минута и пол до крајот стигна потврда дека победата оди на сметка на Шпанија, де Варгас запиша нова одбрана за крај на сите надежи на Словенците.

ПретходноГи убиваа во Сена: Алжирците флраа цвеќиња- ја испратија првата политичка порака од ОИ (ВИДЕО)
СледноИ Македонија се најде на списокот на гафови на отварањето на ЛОИ во Париз (ФОТО)