Да се освои злато на ОИ е голема работа, но да се освои злато во борење и тоа во иста дисциплина +130 кг во грчко – римски стил на последните пет олимпијади е нешто фантастично.
Ова е најголемиот шампион во модерната историја, неговото име е Мијаин Лопез од Куба кој и на овие ЛОИ дојде до златниот медал иако има 41 година.
Роден е на 20 август 1982 година и беше олимписки првак во Пекинг 2008, Лондон 2012, Рио де Жанеиро 2016, Токио 2021 и сега во Париз 2024.
Фантастично, браво за Лопез.