Унгарскиот репрезентативец Доминик Собослаи отворено призна дека има амбиција еден ден да ја носи капитенската лента на Ливерпул.
„Огрома чест е да станеш капитен на Ливерпул. Со задоволство би ја прифатил таа улога“, изјави Собослаи.
25-годишниот фудбалер моментално е еден од вицекапитените на тимот, заедно со Алисон и Џо Гомез, додека Вирџил ван Дајк е прв капитен.
Собослаи неодамна доби пофалби и од Ван Дајк за неговите лидерски квалитети, нешто што, како што вели, има посебна тежина кога доаѓа од капитенот.
Собослаи во јули потпиша нов долгорочен договор со Ливерпул до 2031 година и е дел од клубот од 2023 година.










