Младиот македонски репрезентативец Адмир Љатифи го продолжи договорот со хрватскиот клуб Осиек до 2029 година. 19-годишниот крилен напаѓач е во Осиек нешто повеќе од една година, откако пристигна од Беса Добри Дол. Во новата сезона добива сè поголема минутажа во сениорскиот тим, а особено се истакна на натпреварот против Риека, кога за првпат беше стартер и забележа асистенција.
„Добив шанса и му благодарам на тренерот. Мислам дека добро се снајдов, а верувам дека можам да бидам уште подобар на теренот. Убаво е да ја чувствуваш довербата, а ми значи и поддршката од навивачите. Уживање е да се игра на Опус Арена“, изјави Љатифи по потпишувањето на новиот договор.
Љатифи е репрезентативец на Македонија во младинските категории.










