После 20 години Данска се закити со медал на ЛОИ

101

Женската ракометна репрезентација на Данска го освои бронзениот медал на ракометен турнир на Летните олимписки игри во Париз. Во малото финале оваа селекција славеше против Шведска со 30-25 (15-13).

Данска цели 20 години чекаше за медал на ЛОИ, конечно успеа да дојде истиот.

Најдобра ракометарка кај победничката екипа беше Хојлунд со пет гола, Тофт имаше 16 одбрани. Кај Шведска прв стрелец беше Хагман со пет гола.

Големото финале меѓу домаќинот Франција и Норвешка е закажано за 15 часот.

ПретходноМакедонските кадети во битка за опстанок и место на М20 ЕХФ ЕУРО 2026 (ЛИНК)
СледноДурент откри што мисли за Јокиќ: Не го обожаваме, но…