Македонскиот напаѓач Бојан Миовски се збогува со навивачите на Абердин и следна дестинација му е Шпанија во екипата на Џирона која сезонава ќе дебитира во Лигата на шампионите. За ова се зборува веќе неколку денови, а Бојан по одигрувањето на меч од шкотското првенство во неделата, денеска ќе треба да оди во Шпанија да го комплетира трансферот во хитот на Ла Лига за минатата сезона.
Познато е колку ќе заработи шкотскиот клуб. Неофицијално, трансферот ќе чини седум милиони евра, а Миовски во Џирона ќе го замени Артем Довбик кој премина во Рома.
Неговите 26 гола минатата сезона го убедиле менаџментот на Џирона за да го ангажираат македонскиот репрезентативец.