Претседателката на Македонија, Гордана Сиљановска Давкова ја прими нашата параолимпијка, Оливера Наковска Бикова и тимот кој ќе ја придружува на претстојните Параолимписки игри во Париз кои ќе се одржат од 28 август до 8 септември.
Таа и го врачи државното знаме кое нашата спотистка ќе го развее на Параолимписките игри. Таа ќе се натпреварува во три стрелачки дисциплини.
Да потсетиме дека Наковска Бикова освои златен медал на ЛОИ 2012 во Лондон.