Баер (Л) со тесна победа над четвртолигаш ја почна одбраната на куп-титулата (ВИДЕО)

100

Актуелниот освојувач на германскиот куп, Баер Леверкузен, одлично ја започна одбраната на трофејот од минатата сезона со победа од 1-0 на гости кај четвртолигашот Карл Цајс Јена во последниот натпревар од првата рунда на натпреварувањето.

Чаби Алонсо очекувано не излезе со својот најсилен состав, што може да ја објасни и минималната победа на германскиот шампион. Фудбалерите на Леверкузен доминираа во текот на целиот натпревар, но без да блеснат со својот настап.

Во 31. минута Амин Адли можеше да го отвори резултатот, но неговиот удар од далечина ја погоди стативата. Шампионите стигнаа до победа во 52. минута кога резервистот Алехандро Грималдо нафрли за Јонас Хофман, кој со глава погоди за победа и пламан во следната рунда од натпреварувањето.

ПретходноЛа Лига: Столе на клупа, Валенсија „тоне“, Леганес и натаму не знае за пораз
СледноАрсенал вечерва ги продаде Никетиа и Рамсдејл