Петровиќ: Можам да ветам дека ќе играме убава кошарка!

45

Екипата на Пелистер денеска почнува нова сезона во АБА2-лига. Прв противник на битолчани е тимот на Широки, дуелот се игра во салата „Боро Чурлевски“ со почеток во 18 часот.

Под водството на новиот тренер, Александар Петровиќ, Пелистер ветува поинаква сезона и многу подобра игра од претходната сезона. Главната цел е да се мине првата фаза.

“Имаме квалитетна екипа, имаме одлична атмосфера и верувам дека уште повеќе ќе напредуваме како што ќе минува времето. Секое натпреварување е значајно, Пелистер четврта сезона е во АБА2, но форматот е нов и поразличен од минатото. Прва цел ни е да ја минеме првата фаза, а потоа и да се бориме за што подобар пласман. Она што можам да го кажам е дека ќе играме убава кошарка за око како што беше случај и на овие подготовки. Во АБА2 секако имаме поголема конкуренција, но она што можам да го ветам дека нема да бидеме во подредена улога против ниту еден ривал. Подготвени сме за да одиме на победа на секој натпревар. Широки е искусна екипа, но пред нашите гледачи имаме свои шанси за победа”, изјави Петровиќ. 

ПретходноДресот на Леброн e продаден по трет пат во последните пет години, овој пат за 1.300.000 долари
СледноЕлмас пред утрешниот меч против Јуве: Секогаш е тешко да се игра против италијански тимови!