Судот дозволи посмртните останки на Диего Марадона да бидат ексхумирани

73

Судот во Аргентина пресуди посмртните останки на Диего Марадона да бидат ексхумирани од гробиштата во Бела Виста каде што бил погребан и префрлен во мавзолејот што неговото семејство ќе го изгради недалеку од центарот на Буенос Аирес. Марадона, еден од најдобрите фудбалери на сите времиња, почина на 61-годишна возраст откако доживеа кардиореспираторен застој во неговиот дом каде што се опоравуваше од операција на мозокот за отстранување на згрутчување на крвта.

Марадона е роден на 30 октомври 1960 година во Буенос Аирес. Тој ја водеше својата родна Аргентина до титулата на Светското првенство во 1986 година, што е врв на неговата огромна кариера во која играше и за Аргентинос Јуниорс, Бока Јуниорс, Барселона, Наполи, Севиља, Њуелс Олд Бојс. Кариерата ја заврши на домашен терен, во Бока Јуниорс.

Неговото семејство сега планира да изгради мавзолеј каде што, како што пишуваат шпанските медиуми, „Марадона би нашол вечен мир и би бил во близина на аргентинскиот народ“. Ќе се вика М10 и еден дел од него ќе биде отворен за јавноста.

ПретходноТен Хаг мирен: Не се грижам за мојата иднина! Немаме причина за паника!
СледноНад 200 минути атомски тенис помеѓу Синер и Алкараз, Шпанецот го освои трофејот во Пекинг!