По повод празникот 23-октомври: Вардар ги отвара вратите на Арената за љубителите на фудбалот за мечот со Тиквеш!

282

Одличен потег на раководството на Вардар. Имено мечот со Тиквеш од 1/8 финалето во среда, во Купот на Македонија, ќе може бесплатно да се следи на Арената “Тодор Проески“.

Поводот е празникот 23-октомври Денот на Македонската револуционерна борба.

Еве што се вели во соопштението на ФК Вардар:

По повод 23-октомври Денот на МАКЕДОНСКАТА револуционерна борба, АД ФК Вардар ги отвара вратите од Арената Тодор Проески за љубителите на фудбалот бесплатно да може да го проследат натшреварот од осминафиналето на Купот на Македонија Вардар – Тиквеш. Капиите на стадионот ќе бидат отворени од 12.00 часот, натпреварот започнува во 14.00 часот“

ПретходноЦ. Звезда „преживеа“ во Подгорица, но го загуби клучниот играч!
СледноОграбена најпознатата фудбалска двојка: Крадците им украле 11 часовници вредни половина милион евра