МКК Куманово го освои првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“

53
фото: mkd.basketball

Екипата на МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој се одржа во изминатите два дена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.

Кумановци до трофејот стигнаа со две победи. Во полуфиналето, МКК Куманово го совлада домаќинот Пелистер со 80:61.

Во финалниот натпревар, кумановскиот состав беше подобар од ТФТ со 75:64 и го освои победничкиот пехар на првото издание на меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото.

Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром. Во натпреварот за третото место, актуелниот македонски шампион славеше над Пелистер со 85:63.

Меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“ – Битола

РЕЗУЛТАТИ

Полуфинале

ТФТ – МЗТ Скопје Аеродром 85:73

Пелистер – МКК Куманово 61:80

Натпревар за третото место

Пелистер – МЗТ Скопје Аеродром 63:85

Финале

МКК Куманово – ТФТ 75:64

ПретходноЛЕ: Табаковиќ го порази Левски, ОФИ со голема победа над Хофенхајм
СледноВисла ја доби драмата со Мелсунген за прва победа