Синер нема да игра на Мастерсот во Париз

81

Најдобриот тенисер на светот, Јаник Синер го откажа настапот на Мастерсот во Париз. Ова го соопштија организаторите на турнирот, а причината е проблеми на италијанскиот тенисер со стомачен вирус.
Синер не можел да тренира претходните денови и одлучил да се откаже од настапот во Париз. Инаку тој требаше да настапи во Париз како прв носител, а организаторите соопштија дека на негово место влегува Французинот Артур Казо.
Инаку, Синер ќе остане на врвот на АТП листата најмалку до февруари.

ПретходноКостоски: Гостивар е минато! Посакуваме полни трибини за победа против Џокер!
СледноСидорф долева масло на огнот: Има проблем меѓу УЕФА и Реал, затоа Винисиус остана без наградата