Алкалоид остана перфектен и после деветтото коло во Супер-лигата. Избраниците на Кирил Лазаров ја оправдаа улогата на фаворит и против Пролет, на гостински терен славеа со 26-39 (15-20).
Серафимов беше стрелец на шест гола, по пет имаа Бинго и Митев. На другата страна Стојановски имаше седум гола.
Со овие бодови, Алкалоид ја потврди лидерската позиција со девет победи во исто толку одиграни натпревари.
Гостите поведоа со 5-9, па на двапати имаа плус седум 9-16 и 8-15. На одморот беше 15-20.
Во вториот дел, Алкалоид ја одржуваше позитивата која беше и 20-28, на крајот запиша двоцифрена победа.
За Пролет ова беше петти пораз, има две победи и две ремија.
Охрид очекувано славеше против Куманово на гости со 33-39.