Лео Меси е најдобриот фудбалер во историјата. Посебно за оние кои реално го гледаат светот на фудбалот и не се опседнати со рекордите на Кристијано Роналдо. Меси е најдобар посебно за оние кои имале можност да играат со него во ист тим барем еден натпревар, да не говориме за Аргентинците.
И Меси е човек, никогаш не бил себичен тој и само тој да дава голови за разлика од Кристијано кој не се радува ако неговиот тим победи со 5:0 а тој не дал гол.
Кристијан Тељо, некогашен фудбалер на Барса деновиве кажа интересна анегдота од времето кога играше заедно со Меси во каталонскиот гигант:
“Добив дете и сите ми донесоа подароци освен Меси. Малку ми беше чудно ама дојде до мене и ми рече дека неговиот подарок ќе го добијам на теренот. Игравме со Леванте, победивме со 4:1, а Меси трипати ми асистираше, онака без проблем, токму јас да бидам стрелец на хет – трик иако можеше и сам да релизира. Кога ми ја дадоа топката по мечот, тој ја зема и на неа го напиша името на мојот син и ме прегрна и кажа- Ова е подарокот за твоето дете“…
Ете тоа е Меси.