Иако е на меч до рекорд: Напаѓачот на Шкупи не е повикан за мечот со Македонија

2651

Напаѓачот на Шкупи, Јоан Симун Едмундсон, не се најде во списокот на повикани фудбалери на селекторот на Фарските Острови, Ејдун Клакштајн за последните два меча во Лигата на нации. Фараните утре го почнуваат своето патешествие од 18 часа пат до Ереван, а потоа од таму доаѓаат на македонско тло в недела да го одиграат последниот меч од групата во Лигата на нации.

Едмунсон, кој во октомври стигна до бројката од 93 натпревари во дресот на А-тимот на Фарските Острови, се очекуваше со два настапи против Ерменија и Македонија да го урне рекордот на својата земја по бројот на одиграни натпревари во дресот со националниот грб, но новиот селектор му го скрати тоа задоволство.

33-годишниот напаѓач кој нема постигнато гол на последните 16 натпревари за својата репрезентација не е повикан за овој ноемвриски двомеч. Во списокот на Клакштајн сега се најдоа двајца дебитанти и уште неколку фудбалери кои не беа во репрезентацијата во октомвриските натпревари.

ПретходноАјдин Олгун и неговите „закани“, кога не оди сите му се виновни!
СледноСане може да остане во Баерн, но само ако прифати многу помала плата