Коментар на 14.коло: Ова е НОВИОТ Вардар, Работнички го фати криза, Силекс е речиси перфектен, шампионот се “загрева“…

1316

Пишува: Зоран Ѓоршоски

Во саботата се одиграа сите натпревари од 14.коло во ПМФЛ по што следува двонеделна пауза поради настапите на репрезентацијата.

Генерално супер интересни средби, сепак во преден план беше тоа како Вардар ќе се однесува под водство на старо – новиот стратег Гоце Седлоски.

И се однесуваше одлично. Победа по долго време, освоени се екстра значајни три бода, се покажа на дело дека ова е НОВИОТ Вардар под „палката“ на Седло. Сега полесно се дише, сега се очекува и во иднина добри игри и освојување на бодови и секако бегање од опасната зона на табелата.

Вардар со Седло на клупата и тоа како го може.

Работички не е веќе лидер, не е ни втор, ниту трет, туку четврти на табелата. Евидентно е дека најпријатното изненадување оваа есен го фати криза. Четири меча во серија и ниту една победа, три ремија и пораз во саботата во Струга. На тие четири меча постигнат е само еден гол. Ништо страшно, сезоната е долга, има уште многу да се игра, сепак Работнички пропушти голема шанса во овие 4-5 кола да избега бодовно на табелата во однос на конкурентите. Вака сега е на -2 бода зад Шкендија, Гостивар и Силекс, а со него како петта е Струга ТЛ. Сега ќе биде многу тешко да се врати на лидерската позиција.

Силекс победува ли победува. Во Кратово падна Пелистер со 1:0, а реално требаше да биде барем 5-6 голови разлика за кратовци, но битолчани на голот го имаа извонредниот Јовчевски кој не дозволи катастрофа на неговиот тим.

Силекс покажува сила. Силекс и дефинитивно има повеќе сила и ресурси од Работнички да се “носи“ со Шкендија, Гостивар и Струга ТЛ во битката за титулата.

Шампионот се “загрева“, полека ама сигурно. Влезе во победничка серија, има три од три, има 10 бода на последните четири меча и ете го само на -2 од првото место. Факт е дека Струга ТЛ сеуште не покажува шампионски сјај, ама кога во тимот ќе се вратат Шабани и Бојку, тогаш реално нема екипа во Македонија која може да и парира на Струга ТЛ.

Шкендија и Гостивар, заедно со Силекс, се на делба на првото место. Со ова се е кажано, и Шкендија и Гостивар постигнаа по четири гола, ама тетовци примија три а Гостивар ниту еден во саботата.

Тиквеш си тера по старо, нема голови, нема победи.

Неверојатно, кавадарчани на 14 средби постигнале само 4 голови…

ПретходноСофијановски со повик за У21 селекцијата
СледноГрузиска четворка на центарот во Скопје за мечот со Летонија