Вардар во скопската пресметка успеа да го победи Шкупи со 3:2. Добра игра на вардарци, борбена до максимум, но се чини дека се свртеа работите по влегувањето на Кристијан Николовски – Пато во таа 24.минута на местото на повредениот Немања Босанчиќ. Во тие моменти чаирчани водеа со 0:1, но влезе Пато и Вардар го најде “пато“ до успехот, до победата. Николовски не само што во 40.минута со гол му донесе водство од 2:1 на својот тим туку со својата борбеност и желба, секако и фантастична игра, го “дигна“ Вардар и го однесе до три бода.
Токму затоа Пато Николовски е играч на ова 14.коло во ПМФЛ според “СпортСпорт“. Покрај него во тимот на колото од Вардар се и Закариќ и Мицевски. Од Струга ТЛ тука се Ќосевски, Илиевски и Кехинде, од Силекс тука се Шуберт и Додев, од Шкендија во тимот на колото е Ф. Рамадани, од Гостувар тука е двојниот стрелец Симоновски а и Ивковиќ од Брера, кој исто постигна два гола.
ИГРАЧ НА КОЛОТО
КРИСТИЈАН НИКОЛОВСКИ
Тим: Вардар
Роден: 20.07.1997 во Скопје
Кариера: Вардар, Еуромилк, Борец, Пелистер, Вардар















