Мечевите од ПМФЛ во вторник ќе се играат без присуство на публика!

1305

Откако денеска и официјално од ФФМ беше донесена одлука да се одложи утрешното ПМФЛ 17. коло кое што беше редовно на програмата, да се одигра во вторник, дојде уште една информација.

Сите натпревари од 17-то коло кои започнуваат во терминот од 13 часот ќе се играат без присуство на публика. Ваквата одлука на ФФМ доаѓа по препорака од МВР и истата е од безбедносни причини поради последните настани кои се случија пред се во главниот град Скопје.

ПретходноБрендфорд од негатива до сигурен триумф, Борнмут со убави три гостински бода
СледноКомо и Монца одиграа без победник (ВИДЕО)