Полувреме: Ракометарките губат од Турција со три гола разлика (ВИДЕО)

94

Македонската женска ракометна репрезентација по првото полувреме против Турција во рамките на 2. коло на Европското првенство има негатива од три гола 12-15. Сара Ристовска е прв стрелец, има шест гола, половина од вкупните за Македонија.

И на оваа средба техничките грешки беа главна одлика на нашата репрезентација.

Мицевска ја запиша првата одбрана, на другата страна Сара Ристовска реализираше од контранапад за 1-0. Во првите десет минути од мечот Македонија постигна само два гола, иако и противникот грешеше, сепак подобро се снајде и успеа да поведе со 4-7 на средината на првото полувреме. Турција при новите 5-8 имаше две шанси да го зголеми водството, на голема среќа не ги искористи ниту двете. Сепак тоа го стори нешто подоцна, на стартот на 20-та минута противникот поведе со 6-11.

Грчевски повика тајм-аут, а Турција остана со играч помалку. Македонија со трите гола на Ристовска дојде на 9-11. По серијата на грешки на двете страни, противникот подобро се снајде и дојде на нови плус четири 9-13.

Ристовска повторно го прекина налетот на турските ракометарки 10-13. Иако Турција влезе во криза, „црвено-жолтите“ повторно не се снајдоа за да влезат во резултатски егал, па следеше нова негатива од четири гола (10-14).

На полувреме резултатот е 12-15, останува да се надеваме дека нашите девојки ќе успеат да одиграат многу подобро, со вакво издание вториот пораз ќе биде неизбежен.

ПретходноЛазаров: Најважен е пласманот, но не сум задоволен од неколку наши ракометари!
СледноАморим до Ериксен: Можеш да си одиш, не сметам на тебе!