Традицијата продолжува кога станува збор за Шкендија, за еден од нашите најголеми клубови. Имено денеска дел од играчите на овој тим, беа во посета на децата со посебни потреби во Дневниот центар “Тетекс“, како и во специјализираната паралелка ОУ “Лирија“ во Тетово.
Зија Мерџани, Лорик Јакупи и Ферат Рамани заедно со дел од лица од клубот се дружеа со децата а за нив имаа и пригодни подароци.
Инаку Шкендија ова го прави години наназад. Средбата беше проследена со насмевки, топли разговори и незаборавни моменти кои ја пренесоа пораката за солидарност и љубов.