Македонската фудбалска репрезентација како 67. светска сила ќе го ја заврши 2024 година. Денешната ФИФА ранкинг листа не остава на истото место на кое што се наоѓавме и претходно, а тоа е и логично со оглед на фактот што репрезентативни активности и немаше овој месец.
Последните, оние кои се случуваа минатиот месец, ја поставија Македонија на ова место благодарение на победите во Лигата на Нациите, и освоеното прво место во нашата група.
Плус тоа, Македонија напредуваше едно скалило погоре во квалитативниот шешир, факт кој имаше голема улога во последната ждрепка за Светското првенство во 2026 година.
Во неа Македонија се најде во групата со Белгија, Велс, Казахстан и Лихтенштајн, а токму против последнава селекција ја стартуваме кампањата, на 22 март следната година на гостински терен.