Она што Виктор Вембањама го стори во првата четвртина – кошаркарскиот свет не памети!

1100
Фото: Сан Антонио Спарс/Твитер

Прашањето што легитимно се поставува оваа сезона во НБА е кој ќе може да го запре Виктор Вембањама во иднина? Кога Французинот дојде во лигата, можеше да се слушне многу критики за неговата градба, дека е преценет и слично.

Сепак, се што прави Вембањама оваа сезона го кажува токму спротивното, а тоа беше случај и синоќа против Лос Анџелес Клиперс. Во првата четвртина, неверојатниот Французин постигна невозможни 17 поени за само седум минути и 33 секунди шутирајќи 86% од поле.

Колку е супериорен против „просечните“ кошаркари кои се со „нормална“ висина покажува еден детал на крајот од првото полувреме. Вембањама толку лесно го доведе својот чувар под кошот и поентираше што беше навистина застрашувачко.

Во четвртата четвртина практично не влезе. На теренот мина само 25 минути, а за тоа време постигна 27 поени со девет скока и пет асистенции.

Ударот од поле заврши 10/18, а го расипуваа тројки кои најчесто ги погодува во висок процент, но синоќа беа 1/6.

Потсетуваме, синоќа Сан Антонио Спарс славеше победа против ЛА Клиперс со убедливи 122:86.

Од друга страна, во редовите на Клиперс единствен за истакнување беше Џејмс Харден со само 17 поени.

ПретходноОлмо и официјално тргнат од тимот на Барселона
СледноМомент за паметење во 2024: Солзите на Новак и златото на ЛОИ во Париз! (ВИДЕО)