Не треба да жалиме, треба да бидеме горди: Борбено и храбро на уште една битка (ФОТОГАЛЕРИЈА)

281

Македонската ракометна репрезентација одигра нов драматичен меч на Светското првенство. Избраниците на Кирил Лазаров се најде на чекор до победа против Австрија, но немаа целосно среќа. Филип Кузмановски не реализираше од седум метри за можеби победа, но потоа успеа да испрати вистинска „бомба“ и да ги остави во делириум Австријците, а уште еднаш да ги вивне Македонците.

Видовме борбеност, видовме храброст, видовме по четвртти пат на овој шампионат дека новата генерација чекори по вистинскиот пат. Од Вараждин Арена дојде потврда дека имаме светла иднина со селектор како Кирил Лазаров со голема визија. Треба трпение и верба, „елемнти“ кои на ова Светско првенство се повеќе ги има и македонската нација.

Среќата се заслужува кажа Лазаров, најверојатни ние уште не сме ја заслужиле. Останува надежта дека на следниот меч против Катар ќе биде на наша страна, а Македонија ќе слави победа.

Фалангата беше во мал број, но тие што беа знаеја како да ги мотивираат ракометарите. „Црвено-жолтата“ боја беше водич и на овој дуел.

Уживајте во фотографиите од Варждин Арена.

 

ПретходноЖарко Пешевски: Австрија беше „печена“ да ја победиме!
СледноГалатасарај прокоцка победа за ТОП 8 во Лигата на Европа