Тимот на Јувентус на домашен терен успеа да слави попладнево со 4:1 против тимот на Емполи на стартот од Серија А програмата.
Иако гостите изненадувачки преку Де Шиљо поведоа на стартот на мечот тоа на Јувентус не му создаде мака, и проблем да дојде до трите бода.
Емполи издржа до 61. минута кога Коло Муани најпрво изедначи, а три минути подоцна и му донесе водство на Јуве.
Во самиот финиш Влаховиќ потврди победа за 3:1, а висок триумф донесе Консеисао во втората минута од продолжението.










