Тимот на Беса Добри Дол со конечни 2:0 денеска беше поодобра од Пелистер во првлигашкиот пријателски двобој одигран во Охрид.
Во рамките од змиските тековни подготовки, двата тима се подготвуваат во нашиот туристички центар, а овојпат прволигашот од Добри дол беше подобар. Стрелци на головите беа Љамалари, односно Љатифи.
Со ова се финишитаат што се вели активностите на двата тима. Пелистер се враќа во Битола на стартот на неделата и ќе ги доврши подготовките дома.
Беса од друга страна пак, исто така наскоро ќе го напушти Охрид, и ќе се посвети на домашните обврски.















