„Фармацевтите“ остануваат во трка за титулата

102

Германскиот шампион Баер Леверкузен останува во шампионската трка со Баерн Минхен во Бундеслигата, откако денеска во мечот од 20. коло успеа да го совлада Хофенхајм со 3:1.

Домашните брзо го затворија прашањето околу победникот, затоа што за само 20 минути веќе беше 2:0.  Во 15. минута кога Бонифејс успеа да ја погоди за водство, а во 19. минута Фримпонг зголеми на 2:0.

Кога Патрик Шик со глава погоди за 3:0 во 51. минута, на сите им беше јасно дека бодовите остануваат во Леверкузен. Орбан намали на 3:1.

ПретходноГолем гест на Данците: Во финишот му дозволија на Дувњак да постигне гол за збогум!
СледноМВП признанието во рацете на Матијас Гидсел